Пешевска: Од лицемерието на СДСМ губат само граѓаните

210

Граѓаните најмногу губат од лицемерието на СДСМ и затоа таквата политика мора да запре и мора да се почитува дадениот збор и ветување, а последен доказ за дволичноста на СДС е одбивањето да се укине радиодифузната такса, обвини во неделата Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Пешевска потстети дека од СДСМ во март годинава повторно изјавуваа дека доколку била формирана владата, граѓаните немало да плаќаат радиодифузна такса.

„Тоа го зборуваат и Дамјан Манчевски и Радмила Шекеринска. Сега сме јули, а СДС бега како ѓавол од темјан од своето ветување со кое ги манипулираа граѓаните од декември па сѐ досега“, рече претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Пешевска ја цитираше актуелната министерка за одрана Радмила Шекеринска која на 30 март изјави дека: „Ако денес имавме нова Влада, граѓаните веќе ќе беа ослободени од плаќање радиодифузна такса“.

„Еве СДС има влада, Радмила Шекеринска е во владата речиси 40 дена, ама немаат абер да ја укинат радиодифузната такса, па дури и избегаа иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ таа да биде укината“, рече.

Исто така, потсети дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ изминатава седмица го поставија токму овој проект како предлог измени на закон пред Собранието, и тоа во скратена постапка „со цел барем едно ветување кое го даваше СДС пред изборите да го види светлото на денот“.

„Резултатот од нашата иницијатива беше очекуван, СДС да почне да бега, да бара изговори и да не го исполни тоа за кое што бараа доверба од граѓаните“, рече Пешевска и констатираше дека овој потег на власта ја разоткрива намерата на СДСМ а ветуваат и да манипулираат само да се доберат до власт

„А потоа да се грижат како да вдомуваат партиски војници по институции, како да прават зделки и најлошо од сѐ да спроведуваат туѓи агенди на штета на македонските национални и државни интереси“, заклучи Пешевска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.