Пешевски: Остануваме фокусирани на раст на економијата

Секој што ја анализира макроекономската состојба во Македонија може да дојде до сопствени заклучоци, но ние остануваме фокусирани на намалувањето на невработеноста, создавањето нови работни места, поттикнување на инвестициите и генерално, раст на економијата, истакна вицепремиерот Владимир Пешевски.

Пешевски по денешната работилница „Пристап до финансии“, одговорајќи на новинарски прашања во врска со оценките на Европската комисија нотирани во последниот извештај рече дека ако се погледнат овие параметри и анализите за подобрувањето на бизнис климата можеме да бидеме задоволни.

Секогаш има простор за подобрување, но треба да водиме сметка и за тоа колкаво е вкупното ниво на македонската економија за потоа соодветно да се креираат буџетските политики, напомена вицепремиерот.

Негова оценка е дека буџетот во изминатите години содржеше силна развојна компонента, а конкретните резултати и постигнувања се, како што рече, добар доказ за тоа