Пешевски: Опозицијата сака одложување на изборите бидејќи рејтинзите покажуваат убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ

Подготовката на изборна програма и предвремени парламентарни избори не е нешто што ВМРО-ДПМНЕ го сакаше, но настанаа како резултат на политичката криза што ја искреира СДСМ во Македонија. Токму во изминатиов период се виде уште еднаш и на сите граѓани им стана јасно што е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, истакна вицепремиерот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Пешевски, на вечерашната трибина во општина Чаир, која е дел од кампањата „На Македонија и треба твојата идеја”.

-Изминатиот период проектите што ги направи СДСМ, кои што имаат можност денес дури и да партиципираат во власта, се проекти кои се базирани на деструктивност, на кршење на закон и проекти каде што нема реална помош за граѓаните. Нивниот прв проект беа бомби, вториот проект им е Фабрика за креирање на афери, тертиот проект им е унапредување на партиските кадри веднаш откако дојдоа нивните министри на техничките позициии, подвлече Пешевски.

Потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ги реализираше сите обврски од договорот од Пржино, но како што рече, од другата страна, односно опозицијата инсистира на одложување на датумот за изборите.

-Одложувањето се случува затоа што видоа дека со сето она што го направија не постигнаа никаков ефект за нивно засилување на позициите. Сите рејтинзи што се прават и што се мерат денес на политичките партии укажуваат убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, додаде Пешевски.

Во изминатиот период, рече Пешевски, продолживме со реализирање на нашата претходна партиска програма во сите аспекти.

pesevski-tribina-cair77

-Во делот на социјалната заштита се зголемуваше социјалната помош, пензиите, во делот на намалување на невработеноста континуирано од квартал во квартал невработеноста паѓа, во изминатите 8 години се создадени над 150 илјади нови работни места во Македонија. Во изминатата година работевме напорно и на привлекување на странски инветиции, 30-тина компании објавија дека ќе дојдат во Македонија и покрај негативната енергија што доаѓаше од опозицијата, а веројатно ќе имаше барем уште толку да не се случуваа овие проблеми што ги креира СДСМ. Намалување на невработеноста и подигнување на животниот стандард ни се двете главни цели и за тоа се бориме цело време, подвлече тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.