Пешак го загуби животот во несреќа кај Лескоец

Возрасен маж крај охридски Лескоец им подлегна на повредите здобиени од удар на возило управувано од негов помлад соселанец, информира во саботата СВР Охрид

Во петокот околу  16.30 часот, на мaгистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Лескоец, патничко возило „ауди А4“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот М.П., удрило во пешакот Д.Т. на 68, двајцата од село Лескоец.

На местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид. Увид извршија полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.