Пешак повреден во сообраќајка во Скопје

На 13.06.2021 во 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Беласица“ во Скопје, по крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“, патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот Б.М. од Скопје, удрило во пешакот 40-годишниот И.А. од селото Бајрамици, Центар Жупа, информира МВР.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.