Пешак повреден во сообраќајка во Скопје

Во сообраќајка која вчеравечер се случила на крстосницата  од булеварот Илинден и улицата Рузвелтова, повреден е дваесет и седумгодишниот Д.Ј. од Скопје.

Според првичните наоди на истражителите, во пешакот удрил автомобил „фиат“ со скопски таблички, кој го управувал 25-годишниот С.Д. исто така од Скопје.