Пешак прегазен во Скопје

На 28.04.2020 во 10.30 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Методија Шаторов Шарло“ и ул.„Милан Зечар“ патничко возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(36) од Скопје, удрило во пешак С.З.(79) од Скопје.

-Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.