Пешак тешко повреден откако тинејџер го удрил со автомобил

На 10.11.2021 околу 17.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Никола Тесла“ во Куманово, патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.К.(19) од Куманово, удрило во пешак Д.Т.(43) од Куманово, информира МВР.

Во несреќата Д.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.