Пешак тешко повреден во Капиштец: Го прегазиле автомобил и мотор и избегале

На 03.09.2022 е пријавено дека околу 16,30 часот на крстосница од ул.Васил Ѓоргов и ул.Народен Фронт во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која со тешки телесни повреди се здобил пешакот Д.Ј. (36) од Кавадарци.

-Според пријавеното, во него удриле патничко возило и мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, кои по незгодата го напуштиле лице местото. Д.Ј. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.