Пешевска до Богоев: Соберете храброст со Ковачевски и излезете на избори

Да соберат сили заедно со премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и да одиме на предвремени парламентарни избори, бегате зошто ќе изгубите, а потоа ќе останете и без функции во партијата, му порача во неделата пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, на колагата од владејачката партија Стефан Богоев.

„Го читам Стефан Богоев и морам неколку работи да му пишам вака јавно и отворено:

Локалните избори се оддржаа во октомври 2021 година и резултатите од истите се:

-ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – 42 градоначалници + Град Скопје

-СДСМ – 16 + 2 од вчера = 18 градоначалници

Бројките во Советници се:

-ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – 468 советници

-СДСМ – 369 советници

-За Карпош посебно нема да пишувам, бидејќи за тоа како си работел како градоначалник зборува фактот што СДСМ не те кандидираше за втор мандат.

И конечно за крај по однос на анкетите.. Зошто Стефане ова силење по социјални мрежи? Ајде соберете сила со Таче и
да одиме на предвремени парламентарни избори па да видиме каков ќе биде резултатот.

А што викаш за ова?

Но не сакате, бидејќи знаете што мисли народот за вас и вашата политика. Градоначалничките позиции ги изгубивте, а ако одите на предвремени парламентарни ќе ги загубите и функциите на Бихачка,“ пишува во фејсбик објавата  Пешевска.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.