Пешевска: Како претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ имам тенденција да мотивирам што повеќе жени земаат улога во политиката

Жаклина Пешевска, Претседателка на Унија на жена на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието зборуваше за улогата на жената во општетсвото и посочи дека дека таа како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ има тенденција што повеќе жени да мотивира да се кандидираат за градоначалнички или да бидат министерки.

-Можам да кажам дека во делот на советнички и пратенички во изборниот законик имаме солидна застапеност 40%. Мислам дека ние сме добар пример во регионот бидејќи имаме соработка и од жените од другите држави. Она кое мене ме загрижува и го имаме забележена во Унијата на жени во ВМРО-ДПМНЕ е дека во државата е мислењето дека имаме мала застапеност во делот на градоначалнички и министерки. Мојата тенденција како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ми е да мотивирам што повеќе жени да има кандиндатки за градоначалнички, рече Пешевска.