Пешевска: Концептот „Македонија за сите луѓе“ ќе обезбеди поевтина струја, бесплатен приклучок на гас за домаќинствата и здрава животна средина

15

Концептот „Македонија за сите луѓе“ ќе обезбеди поевтина струја, бесплатен приклучок на гас за домаќинствата и здрава животна средина, ова денескаго изјави пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ има план како да го продолжи животниот век на термоелектраните во Битола и Осломеј до 2040 година, тоа ќе значи поголемо производство на струја и поевтин енергенс за домаќинствата. Продолжувањето на животниот век на двете термоелектрани ќе ги зачува и работните места на илјадници вработени во двата комбината, кои нема да останат без работа, што ќе се случи ако СДСМ остане на власт. Со ВМРО-ДПМНЕ и ќе се зачуваат работни места и ќе има поевтина струја. Ќе ја смениме тажната реалност и тоа што во 21 век Македонија се уште нема гас за домаќинствата, вели Пешевска.

Таа додава дека во еден мандат општинските и градските власти од ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбедат бесплатен приклучок на гас, а планот е и до 50% од домаќинствата да имаат пристап до овој енергенс за 4 години.

-Со воведување на гасот и исфрлање на тврдите горива за греење ќе се намали загадувањето на воздухот и ќе се подобри животната средина. Со концептот „Македонија за сите луѓе“ ќе ја развиваме Македонија, потенцира Пешевска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.