21.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Пешевска: Нема услови за локални избори во Штип и Пласница

Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека услови за оддржување на предвремени локални избори во Штип и Пласница нема.

-Услови за оддржување на предвремени локални избори во Штип и Пласница нема. Секако, ќе се запрашате зошто? Ако се земе предвид, статистиката поврзана со пандемијата за последните седум дена ќе го видиме следното:
6416 – заболени од Ковид-19 на територија на Република Македонија од нив 202 се од Штип
108 – починати на територија на цела држава.
На една ваква состојба на бројки, дали вреди да го ризикуваме животот на граѓаните на Штип и Пласница? Се работи за мандат на градоначалници од 9 месеци до редовните локални избори. Дополнително ако се земе предвид мерките кој се на сила, носењето маска на отворено и забраната за групирање на над 4 лица на отворено, на кој начин ќе се овозможи фер и демократски избори а да не се загрози изборната кампања?
Апелирам до политичките партии од власта да се вразумат и да се постигне согласност за одложување на изборите со цел заштита на здравјето на граѓаните, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.