Пешевска: Одбележуваме 20 години од смртта на Васка Илиева која е целосно заборавена од државата

На денешен ден, пред 20 години почина доајенот на македонската народна песна Васка Илиева. За жал, иако денес се навршуваат 20 години од нејзината смрт, таа е целосно заборавена од државата. Денес, никаде не прочитавме вест во која ќе се спомне годишнината од смртта на Васка Илиева, жената која како славеј ја разнесе македонската песна низ светот, истакнува Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ изразува јавна осуда, до Министерството за култура на Република Македонија за односот кон луѓето кои оставиле траен белег за Македонија, а се починати и денес никој не ги споменува. Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, нема да дозволи да се заборави ликот и делото на ниту една жена, која со својата работа и битисување оставила белег за нашата Македонија, напиша таа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.