Пешевска: Повеќе жени кандидатки за градоначалнички, носителки на советничките листи и кандидати за советнички од ВМРО-ДПМНЕ

Се обврзувам за повеќе жени кандидатки за градоначалнички, носителки на советничките листи и кандидати за советнички од ВМРО-ДПМНЕ, вели претседателкатана Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска.

-Денес на вториот ден од работилницата со Фондацијата Конрад Аденауер на тема: “Жените во локалната политика – кон повеќе родово-сензитивни политики на агендата на локалната самоуправа”.
Една од моите цели, со која станав претседателка на Унијата на жени беше што повеќе жени да имаат шанса да ја докажат својата способност дека можат да реализираат проекти, и да работат за доброто на граѓаните. На работилницата слушнавме излагање и на Доротеа Шторх, Градоначалничка на Дорнбург-Камбург, која е успешна жена градоначалник.
Во пресрет на локалните избори во октомври оваа година, мојата цел ќе биде што повеќе жени да ја добијат поддршката од ВМРО-ДПМНЕ а потоа и од граѓаните да бидат градоначалнички, носителки на советнички листи и советнички! Во Македонија е потребно да се даде шанса на жените, бидејќи ако жената е клучен столб на семејството, тогаш жената ќе може и да вети, и да реализира за општото добро, по градовите, населбите и селата ширум Македонија!, пишува Пешевска на Фејсбук.