За во ист ден на одржување на изборите е многу логично објаснувањето затоа што бараме вториот круг на претседателски избори да биде заедно со парламентарните избори поради условот од 40% цензус да се постигне и од можноста од оваа власт на која и ја знаеме матрицата каква и е манипулаторска и криминална дека може да изманипулираат во однос на одбирање на претседател на држава. За да се постигне тој цензус од 40% е добро да се одржат и парламентарни во ист ден за да немаме манипулација за функцијата на претседател на држава, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска во денешното гостување во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24.
Пешевска продолжи и додаде дека апатијата кај граѓаните е изразена многу во последните години, тоа таа го забележува бидејќи е на терен со граѓаните.
-Логично е објаснувањето и треба да го земеме во предвид фактот апатијата на граѓаните. На граѓаните им е преку глава од вакви дебати, од негативни односи во Собранието, она што го направи Левица коалициониот партнер на СДСМ и на ДУИ всушност не личеше на ништо, тоа е еден плагијат од една странска држава. Воопшто не личеше на ништо тоа и луѓето се згрозени од тој циркус и поради тоа се апатични и се повеќе мислат дека сите сме исти, но многу пати сме докажале дека не сме исти и воопшто немаме исто размислување и иста матрица со нив, кажа Пешевска.
Пешевска посочи дека СДСМ кои се заложници на ДУИ, сега станаа заложници и на Алијанса за Албанците и Левица.
-Неколку месеци сме влезени во предизборна кампања пред почетокот на официјалната кампања, имавме оперативни состаноци во нашите структури во општинските и месните комитети, но паралелно со тоа одржувавме низа трибини низ градовите со кои третиравме актуелни теми, но и доста целни групи и барања од граѓаните. Овој период ќе продолжиме до предновогодишните празници со оперативните состаноци, истакна Пешевска.
Пешевска заклучи дека ДУИ како партија која е многу долго време на власт е препорачливо и здраво да биде малку во опозиција за да има време да си ги консолидира редовите во опозиција.