Пешевска: СДСМ го зголеми трикратно јавниот долг за непродуктивни трошоци

На денешната собраниска седница пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска рече дека дефинитивно е време СДСМ да ги тргне розевите наочари, да се соочи со реалноста бидејќи реалноста е далеку од она што тие го зборуваат затоа што животот во државата не е ни приближно до идеален.

Потсети на говорот на министерката Ангеловска каде вели дека со буџетот за 2020 се вложува во човечкиот потенцијал. Пешевска за ова рече дека со кратењето во скоро сите области, односно во областа на образованието, дефинитивно не се вложува во човечкиот капитал и потенцијал на тој начин.

Пешевска во своето обраќање зборуваше и за јавниот долг при што го рече следново:

-Го спомнавте јавниот долг, кој помина 5 милијарди евра откако СДСМ владее во државата. За споредба во 2008 година тој изнесуваше 1,5 милијарда евра, што значи дека имаме трикратно зголемување на јавниот долг. Јавниот долг се зголемува за непродуктивни трошоци. Нема изградба на болници, училишта, фабрики, хидроцентрали.

Таа порача дека за жал овој јавен долг ќе го враќаат граѓаните и идните генерации, и дека оваа година Република Македонија ќе даде 110 милиони евра како камата на долгот, а со тие пари ќе можеше да се изгради еден солиден клинички центар, не како оној на СДСМ што чини пола милијарда евра.

-СДСМ зборува за креирање на работни места, искреиравте и измисливте работни места каде може и каде не може, каде треба и каде не треба, затоа што ја направивте јавната администрација за жал поголема од армијата на Република Македонија. Наместо да зборувате за бројот на вработени во итната медицинска помош, вие зголемувате вработени на местата на економски директори на клиниките, истакна пратеничката.

Пешевска додаде дека за среќа во државата ќе има избори и тие избори се да ја вратат СДСМ во реалноста, да се соочат со проблемите на граѓаните, затоа што состојбата во држвата ни од далеку не е идеална и го додаде следното:

– Ако беше идеaлна состојбата во држвата немаше ни претседателот Пендаровски да каже доколку не би бил претседател би ја напуштил државата, тоа говори за се каков е овој живот во државата.Рековте 43 градинки се изградени, каде тоа се изградени? Спомнавте младинска гаранција, јас би ве запрашала колку тоа млади се имаат вработено со младинската гаранција?