Пешевска со честитка по повод роденденот на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

На денешен ден, пред точно 23 години е формирана Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Во овие 23 години, Унијата на жени била стожерот на единството во ВМРО-ДПМНЕ. Секогаш кога и било тешко на партијата и државата, жените биле тие кои стоеле во заштита на идеалот затоа што кој ако не жената, која го има заштитничкот мајчински инстикт да се одбрани своето, може да стои во одбрана на светиот идеал, пишува во својата честитка пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска.

Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме честитката на Пешевска:

„Среќен роденден Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ!

На денешен ден, пред точно 23 години е формирана Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Во овие 23 години, Унијата на жени била стожерот на единството во ВМРО-ДПМНЕ. Секогаш кога и било тешко на партијата и државата, жените биле тие кои стоеле во заштита на идеалот затоа што кој ако не жената, која го има заштитничкот мајчински инстикт да се одбрани своето, може да стои во одбрана на светиот идеал.

Силата и успесите на Унијата на жени се благодарение на работата на секоја една жена од секој еден Месен комитет.

Првото раководство на Унијата на жени предводено од Марија Јорданова ги постави темелите врз основа на трите значајни постулати: Вера, Надеж и Љубов како животна сила и мудрост на успехот и победата. И успешната приказна, наречена Унија на жени на ВМРО- ДПМНЕ започна од градот на гемиџиите, градот Велес.

Денес, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ преставува респектибилен фактор во креирањето на политиката во партијата и секако фактор во борбата за правата и учеството на жените, општо во политичкиот и општествениот живот.
Унијата на жени не е дрво без корен.

Во Унијата на жени се вложиле и оставиле белег, генерации и генерации на жени. Како актуелна претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ изразувам голема благодарност до претходните претседателки на Унијата на жени Марија Јорданова, Силвана Бонева, Косана Мазнева, Даниела Караѓозовска, Даниела Рангелова и Благица Ласовска како и до нивните состави на Извршни комитети. Благодарност и до сите досегашни претседателки на сите 73 Општински комитети и на сите досегашни претседателки на сите 835 Месни комитети на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа 23та годишнина ја посветувам на Вас, драги жени, членки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Бидете здрави, живи, среќни, весели, успешни и долговечни и не заборавајте ВМРО-ДПМНЕ е нашето заедничко, големо семејство!

Да живее Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ“!