Пешевска: Со оваа власт судовите и институциите нема да профункционираат

Странските амбасадори бараат дела тоа значи дека во нашиве институции нема реформи спроведено и дека не е кадарна власта да ги спроведе. Да ве потсетам оваа власт дојде со една кампања, со една Шарена револуција и со една парола „Нема правда, нема мир“. Тие шараа институции државни итн. за да сега видиме како доаѓаат странци да ги стават по контрола разузданите криминал и корупција, појасни Жаклина Пешевска, пратеник и претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

„Јас ќе кажам неколку податоци во однос на извештаи кои што поминувале низ Собрание и кои што се сериозни показатели дека сме на многу лошо ниво посебно во правосудството. Претходната американска амбасадорка кажа дека околу 8% граѓани имаат доверба, а тоа значи 92% недоверба. Но, со последните случувања во судството се ближиме кон 0% доверба во судството од страна на граѓаните. Тука се и спорните избори за Ислам Абази, за Весна Дамева, па препукувањата меѓу Јовевски и Грковска. Во Извештајот за судството, заклучокот е дека над 50% од судовите не се ажурни. Иако се зголемуваат средствата во делот и на Јавно обвинителство, и на Народно правобранителство, на дело не се покажува сработеното“, рече Пешевска.

Таа додаде дека Народниот правобранител воочува дека има 90% зголемување на бројот на претставки во однос на човекови права и слободи, и тоа значи дека граѓаните со таа бројка на претставки до народниот правобранител воопшто не се заштитени.

„ДКСК има една стратегија за справување со корупција и има само 20% реализираност на таа стратегија. Имаше податок на еден годишен Извештај на ДКСК дека само 3 од 165 иницијативи досега за 20 години имаат стигнато на суд“, појасни таа.

Пешевска укажа дека членови од партии на власта се поставуваат на клучни позиции како што се уставни судии, претседател на Судски совет итн. Имено Весна Дамева е фотографирана на правната комисија на СДСМ. Или тука е скандалот како 450 луѓе положиле правосуден испит без да бидат дипломирани.

„Кој го руши системот? Ова е безвластие, тешко безредие. Како ќе профукционираат судовите и институциите со оваа власт? Како граѓаните да бидат заштитени“, запраша Пешевска.

Таа во текот на емисијата посочи дека дури е лицемерно што власта не гласа закон за поддршка на јавните претпријатија затоа што се 42 градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Власта не сака да им помогне со енормно високите сметки, за да ги принуди да ги зголемуваат сметките на комуналии. Лицемерно е тие патишта кои ги ветуваше власта во својата програма ВМРО-ДПМНЕ за нив поднесе амандмани но истите власта ги одби.