Пешевски: Иванов помогна при донесувањето на странските инвестиции во Македонија

Мал е бројот на луѓето во македоснката историја кои имале капацитет волја и пожртвуваност  да ја вршат фукнција претседател  со потребниот капацитет. Ѓорге Иванов  во измнатите 5 години покажа дека со своте достигнвања стои рамо до рамо со досегашните претседатели на Република Македонија, Никола Карев и Борис Трајковски кои го посветиле животот за Макеоднија.

Ова од говорницата во Кратово на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ го истакна потпретседателот на Владата на Република Македонија и вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски.

Тој нагласи дека Претседателот на државата е највисока функција која постои во државата и преку претседателот се врши најголемата презентација на Македонија надвор од нејзините граници.

„Претседателот Иванов за жал поголем дел од својот мандат го извршуваше во време на економска и должничка криза,  која се’ уште трае во Европа, кога се губеа плати  и работни места, во тој временски период ние успеавме со политиките кои ги спроведувавме да созадеме нови 120 илјади нови работини места,  а тоа значеше и зголемување на платите во Република Македонија“, посочи Пешевски во Кратово.

Во тоа време, нагласи Пешевски, Македонија постигна раст во извозот,  раст на странките тиристи во Македонија, на странските инвестиции, раст во нето платите.

„Во услови на економска криза македонската  економија се движеше во нагорна линија“, рече Пешевски.

Тој истакна дека во изниматите години се спроведени огромен број проекти во Македонија.

„Ги изградивме аеродромите во Скопје и Охрид  и скопксиот аеродором беше прогласен  за најдобар аеродром во Европа, во овој момент се градат три нови автопатишта, нешто што во мнинатите години било целосно запоставено,  се градат железници , слободни еконсоми зони, се реконструираа и изградија огромен број на локални и магистрални  патишта, над 300 училишта“, спортски објекти, посочи Пешевски пред кратовчани.

Тој потенцираше дека токму во време на економска криза Владата на Република Македонија успеа да донесе неколку странски инвестиции, Џонсон Мети, Џонскон Контролс, Кромберт и Шуберт, Дрексел мајер, Маркарт и уште многу други и дека се спроведени голем број на други политики мнгоу со кои се зголемени платите во Република Македонија.

„Не постоеше група на граѓани во Република Македонија која не била опфатена со политиката на Владата на Република Македонија“, рече Пешевски.

 

Ѓорге Иванов, како што нагласи Пешески, беше кокретно вклучен во некои од проектите со својот капацитет.

 

„Пример во секторот градежништво бевме во повеќе месечни преговори со Џевахир Холдинг, кој сега ги изгради висококатниците, високи нас 100 мерти. Проектот за да се донесе Џевахир траеше со месеци, имавме многу средби и посети. Во една прилика за време на една од посетите на Иванов во Турција, тој го замоли градоначалникот да го заложи инвеститоротда ја посети Македонија, да ги разгледа условите и да одлучи да инвестира тука. Инвеститорот постоа ја посети Македонија, беше на гости кај Иванов и тогаш таа инвестиција ја донесе пред самииот крај, токму со поддршката на Иванов“, истакна Пешевски.

 

Како друга инвестиција која моментално инвестира во Македонија благодарение на Иванов, Пешевски ја спомена и изградбата на двата автопати кон Источна и западна Македонија.

 

„За изградбата на автопатиштата имавме многу анализи, техниќки посети во Кина, средби и преговори, но напредокот беше спор, повторно се обративеме кај Иванов и го замоливме  при псоетата на Кина да изврши лобирање кај кинескиот претседател, и тао е нешто што говори за ителектиаланта способност на Иванов и по таа средба ставивме  камен темелници на двата автоапти, инвестиција вредна  скоро 600 милиони евра, со кои голем број луѓе од овие краишта ќе најдат работа“, рече Пешевски.

 

Тој нагласи и дека овој ангажмани претседателот Иванов го правел во позадина и без медиумска презентација и со тоа докажува дека длабоко во срецето се грижи за напредокот на својата нација.