Пешевски на промоција на првиот произведен камион во Македонија

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски  денеска ќе присуствува на промоцијата на првиот произведен камион  во Македонија од компанијата „Брако“ од Велес.

Најавено е обраќање на претседателот на Бордот на директори на „Брако група Велес“ Кочо Анѓушев и генералниот менаџер на италијанската компанија „Биострада“ Алесандро Енџоли.