Песимизмот на германските извозници засилен во август

Очекувањата на германските извозници се влошени во август, трет месец со ред, поради високите цени на гасот и слабоста на светската економија, покажува истражувањето на Ifo објавено во петокот.

Индексот на очекувањата на извозниците паднал во август за 2,3 поени во однос на јули, на минус 2,7 поени.

Повеќето сектори очекуваат пад на извозот, а песимизмот е особено изразен во хемиската индустрија чиишто очекувања се спуштиле на најниското ниво од почетокот на пандемијата на коронавирусот во април 2020 година. Песимисти се и печатарите, со најслабите очекуваа откако Ifo започна со објавувањето на извештаите.

Извозниците, поради острото зголемување на увозните и производствените цени, трупаат трошоци кои се мерат во милијарди евра, а не можат потполно да ги пренесат врз странските купувачи, појаснува шефот за надворешна трговија при Индустриската и стопанска комора (DIHK), Фолкер Трејер.

Само во првите шест месеци од годинава, овој товар за германската надворешна трговија достигнал 70 милијарди едва, наведува Тејер.

Исклучок во ова истражување на Ifo се произведувачите на возила и нивните добавувачи, коишто очекуваат значителен раст на извозот, а подобрување очекува и индустријата на облека и опрема за обработка на податоците.

Шефот на истражувањето во Ifo, Клаус Вохлрабе, претходно во четвртокот за Reuters дека во август 62 отсто од компаниите ги истакнале проблемите со набавките, најмалку во последните дванаесет месеци.

Вредноста на германскиот извоз во јуни пораснала за 4,5 отсто и достигнала рекордно ниво, иако економистите предупредуваат дека поголем дел од тоа зголемување веројатно се резултат на скокот на цените.