Песков: Прерано е да се каже дали Путин ќе се кандидира на претседателските избори в година

Рускиот претседател Владимир Путин сѐ уште не кажал дали повторно ќе се кандидира на претседателските избори во земјата закажани за 2024 година, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Путин не беше расположен за кампања, бидејќи моментално е многу зафатен“, изјави Песков за московскиот весник „Известија“.

Тој рече дека сѐ уште го немаат слушнато да каже што било на темата дали ќе се кандидира или не.

„Тоа значи дека сѐ уште е малку рано“, рече Песков.

Путин, кој во февруари минатата година нареди инвазија на соседна Украина, ѝ беше претседател на Русија од 2000 до 2008 година, па повторно од 2012 година.

Поради измените на рускиот устав, законски ќе му биде дозволено повторно да се кандидира за претседател следната година.

Во минатото, Путин ја најавуваше својата кандидатура прилично доцна пред изборите, иако нашироко се веруваше дека тој планира да ја задржи власта.