Песков: Путин има голема доверба во Ердоган

Рускиот претседател Владимир Путин има голема доверба во својот турски колега Реџеп Таип Ердоган. Ова го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во интервју за „Хуриет дејли њуз”, пренесуваат светските агенции.

На прашањето дали Ердоган е меѓу лидерите кои уживаат најголема доверба кај Путин, Песков одговори: „Се разбира, тие многу добро се разбираат еден со друг”.

Портпаролот на рускиот претседател додаде: „Имаше две сериозни кризи (во нашите односи), но фала Богу, ги оставивме зад себе. Нивните последици можеше да бидат смртоносни за нашите односи. Според мене, Путин и Ердоган тоа го избегнаа, бидејќи демонстрираа политичка волја. И двете страни направија сѐ што е потребно, за да се надминат овие кризи”.