Песков: Путин му се извини на Вучиќ

301

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за РИА Новости потврди дека претседателот Владимир Путин му се извинил на претседателот Александар Вучиќ за несоодветната објава на „Фејсбук“ на официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Според РИА Новости, српскиот претседател Александар Вучиќ за српскиот јавен сервис изјави дека рускиот лидер Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров се извинија за објавата на Захарова за посетата на српската делегација на Вашингтон.

Песков тоа го потврди за РИА Новости, пренесува Танјуг.

Вучиќ рече дека имал „одличен телефонски разговор“ со неговиот руски колега.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска пренесе дека претседателот на Русија, Владимир Путин, покрај Лавров, се извини и за несоодветната објава на Марија Захарова на „Фејсбук“ и дека му рекол дека руската држава не стои зад неа, а особено не тој лично.

„Путин, како и министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, никогаш не ми се извиниле за ништо, но и двајцата го сторија тоа за вакво нешто, без јас дури да го спомнам тоа“, изјави Вучиќ за РТС.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.