Русија категорично ги отфрла обвинувањата на турската опозиција за наводно мешање во претседателските избори кои ќе се одржат во Турција во неделата а на кои пред најголемиот предизвик последните две децении турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган под чие водство земјата стана еден од најдоследните партнери на рускиот претседател Владимир Путин, изјави во саботата вечерта портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Кемал Килилдарогли, главниот противкандидат на Реџеп Тајип Ердоган, во петокот изјави дека неговата партија наводно има конкретни докази за „одговорноста на Русија“ за објавување „дип фејк“ онлајн содржини пред гласањето во неделата. Притоа, лидерот на Републиканската народна партија (CHP), кому анкетите му предвидуваат можна победа уште во првиот изборен круг, не пружи докази за своите тврдења на адреса на Москва.
На 7-ми мај Ердоган пред своите поддржувачи презентираше видео материјал од говор на Киличдароглу покрај ликот на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), Мурат Карајил. Медиумите оценија дека снимката е лажна, а Киличдароглу рече дека станува збор за „заговор“ зад кој стојат „драгите руски пријатели“.
„Оваа изјава на г-дин Киличдароглу предизвика голема врева во Турција (…) Веднаш изјавивме дека категорички не ги прифаќаме обвинувањата за мешање во изборите во Турција. Тоа не доаѓа предвид“, изјави Песков во саботата.
Портпаролот на Кремљ потсети дека челникот на турската опозиција најавил дека постојат некакви наводни докази, кои притоа досега сѐ уште не ги презентирал.
„Убедени сме дека тој нема да може да го направи тоа, бидејќи едноставно тие навистина не постојат“, рече Песков кого го цитира агенцијата РИА.
Како што рекол, генерално, во Кремљ се крајно разочарани од ваквата изјава на Киличдароглчу, којашто е „директно спротивна на визијата“ на основачот на Турската Република, Мустафа Кемал Ататурк.
„Соодветно е да се потсетиме дека основачот на Република Турција и архитектот на надворешнополитичките погледи на светот, Ататурк, беше цврст поддржувач на развојот на турско-руските односи, токму во времето на Ататурк беше поставен темелот на нашите односи на пријателство и добрососедство“, вели портпаролот на рускиот претседател.
Москва, истакнува Песков, го негува постигнатото ниво на билатералните односи со Анкара, особено во областите како што се туризмот, земјоделството, трговијата, енергетиката, транспортот и хуманитарните врски.
„И, се разбира, ќе го почитуваме изборот на турскиот народ“, заклучи Песков.
Претходно во интервју за руската агенција РИА објавено во саботата, Огуз Саличи, заменик на претседателот на Републиканската народна партија (CHP) на претседателскиот кандидат Кемал Киличдароглу изјави дека неговата партија има намера да ги подобри односите со Русија и да реши некои од проблемите од билатералните односи преку дијалог.
„Ние сме партија којашто смета дека е неопходно да се одржуваат добри односи со Русија (…) и со сите соседи… имаме низа проблеми со Русија, но ние сакаме да и решиме преку дијалог и да ги донесеме односите на подобра точка“, рече подобриме Салиџи.
Според него, тимот на Киличдароглу планира да гради дијалог со Москва на меѓудржавно и меѓуресерско ниво, што важи и за САД и Европската унија, и за Кина и за Јапонија.
„Отворени сме за соработка: можеме да ја зголемиме трговската размена, туристичкиот сектор е од големо значење за нас. Подготвени сме да продолжиме со сѐ што е потребно за развој и напредок на регионот. Ќе повторам, не сме пристрасни кон односите со Русија“, вели Салиџи.
Интервјуто со него беше објавено непосредно откако Киличдароглу ја повика во петокот Русија „да не се меша во изборите“, а Песков на дневниот брифинг во петокот во Кремљ рече дека Москва не се меша во изборните процеси во други земји, како што имаше и претходно од други држави вклучително и од САД за што никогаш не се презентирани докази.