Песков: Русија засега не размислува за воведување на пасоши за вакцинација

Сега е прерано да се зборува за потребата од воведување на единствени пасоши за вакцинација, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Според него, засега ова е „внатрешно прашање за ЕУ”, а во самата Европа нијансите на оваа иницијатива се едвај разработени и тешко разбирливи.

– Во случај овој проект да биде финализиран и да бидат воведени некои документи, а движењето да е поврзано со овие документи, секако, тоа ќе биде предмет на нашите идни контакти со Европејците и длабинска анализа, нагласи Песков. Тој, исто така, истакна дека станува збор за „многу важна тема”.

– Нема меѓународни договори и такви тешко дека се можни, рече Песков.

Како и да е, уверува тој, Москва „внимателно ќе следи на кој начин тие (пасошите за вакцинација на ЕУ) ќе нè засегаат нас”.