Песков: Москва ќе ги анализира сите Руско-турски проекти

Но, тој истакна дека „нема сомнеж дека во моменталната ситуација сите проекти длабоко ќе се анализираат“.

Нуклеарната централа Акују во Турција
Нуклеарната централа Акују во Турција

Изградбата на првата нуклеарна централа во Турција Акују е најголемиот инвестициски проект на Русија во Турција. Двете земји потпишаа договор за нејзината изградба во мај, 2010-тата. Проектот предвидува изградба на четири мотори од 1.200 мегавати. Според експертски проценки, во иднина оваа нуклеарна централа ќе произведува околу 17% од потрошената електрична енергија во Турција.

Вкупната вредност на проектот се проценува на 22 милијарди долари. Русија досега инвестираше 3 милијарди долари. Изградбата започна во април 2015 година , а беше планирано централата да почне со работа во 2020 година.

За соборувањето на рускиот „Сухои“ од страна на турските воздушни сили, повеќе на следниот линк.