Песков: Засега ќе нема обединување на Русија и Белорусија

Прашањето за можно обединување на Русија и Белорусија во единствена држава, која по 2024 година ќе биде предводена од Владимир Путин, не е на дневен ред, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Во ваков контекст темата не е на дневен ред, не е дискутирано и немало разговори, одговори Песков на новинарско прашање.

Сепак, портпаролот на Кремљ истакна дека Русија и Белорусија развиваат форма на „држава на сојузници“.

Белорусија е наша братска држава и наш најблизок стратешки сојузник и партнер, односно Белорусија е наш сојузник со големи букви, истакна Песков.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.