Песочна бура го парализира Багдад, целиот град обвиен во портокалова боја (ВИДЕО)

Облак од портокалова прашина го прекри Багдад, по што десетици луѓе побарале помош во болница. Поради намалена видливост, прекинати се и летовите. Снимките од улиците на Багдад покажуваат како целиот град е обвиен во портокалова, нереална боја.

Прашината продрела и во куќите, па во централниот и западниот дел од земјава неколку десетици лица биле сместени во болница поради респираторни проблеми.

https://twitter.com/Arab_Storms/status/1521126035668054016?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1521126035668054016%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsvet%2Fvesti-svet%2Fpesochna-oluja-go-paralizira-bagdad-celiot-grad-obvien-vo-portokalova-boja-video%2F

Болниците во Наџаф примиле 63 лица кои имале респираторни проблеми, а повеќето од нив ја напуштиле болницата откако добиле помош.

Во провинцијата Анбар, на западот на земјата, уште 30 лица се јавиле во болниците, пренесува „Гардијан“.

Видливоста е помала од 500 метри. Според метеоролозите, денеска се очекува пустинска бура.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.