Пет алпинисти загинаа во Австрија

Пет алпинисти загинале а шестиот е тешко повреден во неделата утрото во алпинистичка несреќа во австриските Алпи, соопштија спасувачките служби.

Несреќата, чијашто причина сѐ уште со сигурност не е утврдена, се случила под врвот Маникаршарт, висок 2.813 метри, кај местото Цел-ам-Зе, во покраината Салцбург.

„Мислиме дека се откачило јаже“, изјавил шефот на спасувачката екипа Антон Фојтхофер. Црвениот крст соопшти дека според првите информации, групата планинари паднале во момент кога биле врзани со исто јаже.

На помош се испратени пет хеликоптери, а повредениот алпинист во критична состојба е префрлен во болницата во Шварцвалд.

Националноста на жртвите сѐ уште не е позната. Станува збор за најтешката алпинистичка несеќа оваа година во Австрија.