Пет едноставни чекори за подолготрајна боја на косата

Иако така се нарекува, трајната боја за коса воглавно не трае подолго од два месеци, а експертите откриваат како да го продолжите нејзиниот век на траење.

  1. Третирајте ја косата на вистински начин

Купувајте шампони и регенератори за вашата боја на коса. Производите за бринети би требало да содржат и кафен пигмент што служи за одржување на бојата, додека русокосите би требало да користат препарати со лилав или сребрен отсјај поради кој косата делува поживо. Треба да знаете дека бојата од косата исчезнува поради природниот кератинот чија шолта нијанса избива на површината. Поради тоа изберете маска за коса што ќе го спречи тоа.

  1. Користете производи за коса со заштитен фактор

Иако во текот на зимата нема да ги имате тие проблеми затоа што надвор речиси секогаш ќе носите шапка. Сепак запомнете дека препаратите со заштитен фактор се задолжителни во пролет и во лето.

  1. Мијте ја косата поретко и со постудена вода

Ова можеби ви звучи како тешка задача, затоа што сите сакаме да бидеме беспрекорно чисти, но наместо секој втор, обидете се да ја миете косата секој трет ден. Топлата  вода и хемикалиите што вообичаено се наоѓаат во водоводните  цевки исто така и штетат на вашата коса и  го забрзуваат процесот на избледување на бојата.

  1. Определете се за продукти што го штитат сјајот на бојадисаната коса

Тоа се воглавно професионбални производи што ги користат фризерите, па затоа задолжително посоветувајте се со вашиот фризер за тоа кој производ треба да го купите и како да го користите.

  1. Подгответе ја косата за бојадисување – секој пат

Пред  бојадисувањето, косата морате да ја подготвите за она што следува. Ова е мошне важно. Ноќта пред да ја бојадистае косата нанесете маска за длабоко обновување и немојте да се грижите затоа што косата ви е мрсна, затоа што природните масти ќе се промешаат со бојата и ќе ја направат потрајна. Па ако досега сте слушнале дека е најдобро косата да се бои додека е мрсна, треба да знаете дека има вистина и во тоа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.