Пет египетски инфлуенсерки осуден на по две години затвор

119
Египетската инфлуенсерка Ханен Хосам на скриншот од видеото поради кое е осудена

Суд во египетската престолнина Каиро во понеделникот на двегодишни затворски казни осуди пет египетски инфлуесерки, кои се прогласени виновни за поткопување на моралот поради нивните објави на социјалните мрежи.

Пресудата им е изречена откако објавиле видеоснимки на социјалната мрежа TikTok кои властите ги оценуваат за неморални. Претходно сите обвинети двесетгодишни жени биле приведени кон средината на мај и почетокот на јуни, но ослободени со кауции, а некои повторно биле притворени до судењето по повторни објави на социјалните мрежи.

Освен издржувањето на затворската казна во траење од две години, осудените треба да платат и по 300.000 египетски фунти или речиси 16.000 евра, според пресудата на судот во која се додава и дека имаат право на жалба за неа пред апелацискиот суд во Каиро на расправа која ќе се одржи на 17-ти август.

Две од нив биле уапсени во април и во мај, и се дел од десетината инфлуенсерки на социјалните мрежи кои последните месеци се обвинувани од конзервативните власти. Едната има 1,3 милиони а другата 3,1 милиони следбеници на TikTok и уште 1,6 милиони на Instagram, во земјата со повеќе од 80 милиони население.

Едната објавила видео во коешто им гарантира на оние што ја следат на мрежата дека „нивните ќерки може да заработуваат ако работат со неа и разговатаат со странци“. Оваа објава не предизвика реакција само од властите, туку и од другите корисници на социјалната мрежа. Втората, пак, се бранеше дека објавувала пародии на популарни египетски песни.

Египетските власти кои се во судир со радикалните и милитантни исламистички групации кои ги забранија, последните години донесоа закони за контрола на интернетот што овозможува блокирање страници кои ќе се сметаат за закана по националната безбедност, а имаат повеќе од 5.000 следбеници.

„Пресудата е шокантна, но очекувавме таква. Ќе видиме што ќе се случи по жалбата“, рекла адвокатката не неколку од осудените Интисар ал-Саед која ја цитира агенцијата AFP.

„Апсењата на инфлуенсерките покажуваат до која мера едно длабоко конзервативно и религиозно општество се бори против модерните технологии и комуникации“, додал адвокатот Тарел ал-Авади.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.