Пет години затвор за кршење на мерките поротив Covid-19 во Бугарија

Бугарија во петокот го заостри законот и воведе казна до пет години затвор, со соодветни парични казни, за кршње на здравствените мерки воведени за справувањето со новиот сој коронаворис Covid-19.

Бугарските власти воведоа вонредна состојба и донесоа низа драстични мерки за спречување на заразата, вклучително и затворање на сите продавници кои не се неопходни, на ноќните клубови, рестораните, училиштата, културните институции, како и ограничување на собирите.

Новоизгласаниот закон предвидува заторска казна до три години затвор и парични глоби од 500 до 5.000 евра за кршење на споменатите ограничувања. Доколку, пак, непочитувањето на владините мерки резултира со смрт, прекршителот го очекува петгодишна затворска казна и парична глоба од 5.000 до 25.000 евра.

Секое заразено лице или лице кое било во контакт со човек кај којшто е потврден Covid-19, а кое одбива изолација, ќе биде казнето со 2.500 евра. Бугарија, исто така, ги затвори границите за лицата кои немаа постојан престој во земјата во текот на периодот додека е на сила вонредната состојба. Во земјата со околу седум милиони жители, досега се регистрирани 30 случаи на заразата и еден смртен исход.