Пет и пол милиони евра од ЕК за украинските бегалци

Европската комисија најави дека ќе додели 5,5 милиони евра за проект на Црвен Крст за помош на украинските бегалци, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова Комисијата го најави денеска на маргините на Дијалогот на високо ниво за заштита на бегалци.

Проектот има за цел да ги процени потребите на лицата и да им најде приватни понуди кои одговараат на нивните потреби. За Комисијата оваа иницијатива се поклопува со нејзиниот проект за Безбеден дом.

Овој проект им помага на земјите членки на ЕУ на секое ниво да организираат приватни иницијативи за сместување во ЕУ на бегалците од војната во Украина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.