Пет играчи на Сити позитивни на коронавирусот

Пет играчи на првата екипа на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити биле позитвини на тестирањето на коронавирусот и нема да играат овој викенд на дерби мечот со Челзи, соопшти во петокот тренерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола.

Заразата меѓу играчите и клупскиот персонал го натера водството на Манчестер Сити да поднесе барање до Премиер лигата за одложување на натпреварот против Евертон во понеделникот, а Сити од предострожност го затвори својот тренинг камп.

Засега се знае само дека меѓу заразените се напаѓачот Габриел Жезус и бекот Кајли Вокер, а Гвардиола одби да ги открие имињата на другите „тројца важни играчи“ кои нема да му бидат на располагање за неделниот судир со Челзи.

„Мислам дека Премиер лигата не ни дозволува да ги именуваме играќите, но и онака ќе ги дознаете утре“, рече Гвардиола пред новинарите.

Тренерот на Челзи, Франк Лампар, исто така, извести дека има два позитивни случаи во неговиот камп, но додаде дека тоа не се играчи, туку членови на клупскиот персонал.