Пет лица повредени, меѓу нив и дете во сообраќајка кај Катланово

Петмина повредени, од кои едно малолетно дете, е црниот биланс од сообраќајка која се случи на патниот правец А1 Велес – Скопје, после Катланово кај бензинската пумпа ОКТА, објави Слободен Печат.

Несреќата се случила околу 12:30 часот. Повреденото дете е странски државјанин и е хоспитализирано на скопските клиники.

Детето и тројца од повредените патувале со возилото со германски таблички. Нивното возило од засега непознати причини се судрило со камион.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.