Пет лица повредени во сообраќајни незгоди во полошко

113
Познат идентитетот на загинатата жена кај Сарамзалино

Првата од оваа серија сообраќајки се случила во петок околу 20 часот на клучката за Камењане на автопатот Гостивар Тетово. Ќ.М.(47) од Студеничани од засега неутврдени причини загубил контрола врз автомобилот „Голф“ со скопски регистарски таблички што го управувал по што излетал од коловозот. Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот, а потешко повредена била сопатничката Ш.М (45) исто така од Студеничани. Двајцата биле пренесени во тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош возачот бил пуштен на домашно лекување додека сопатничката била пренесена на скопските клиники. При увидот била утврдена материјалната штета од околи 100 илјади денари.

Во втората сообраќајна несреќа десетгодишно девојче од Пирок се здобило со скршеница на десната потколеница кога возејќи велосипед била удрена од трактор од непозната марка управуван од возач чиј идентитет засега е непознат. Несреќата се случила вчера околу 10 часот и 30 минути на локалниот пат Пирок-Жеровјане. Веднаш по несреќата трактористот го напуштил местото додека девојчето со друго возило било пренесено во тетовската клиничка болница од каде по укажаната лекарска помош било пуштено на домашно лекување.

Во третата несреќа Д.И.(35) од Тетово додека управувал скутер „Априлја“ бил удрен од товарно моторно возило „Мерцедес“ управувано од Н.О.(47) од Милетино. Несреќата се случила на регионалниот пат Тетово-Волковија во Брверница при што возачот на скутерот се здобил со телесни повреди додека материјалната штета изнесува околу 20 илјади денари.

Последната несреќа се случила околу 15 часот и 50 минути на улицата Беличица во Гостивар откако 17-годишен пешак бил удрен од автомобил „Голф“ што го управувал М.С.(28) од Гостивар. на повредениот пешак му била укажана лекарска помош во гостиварската болница по што бил пуштен дома додека според првичните информации причина за оваа собраќајка е непропуштање пешак од страна на возачот на автомобилот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.