Пет луѓе загинаа во новиот судир во Нагорно Карабах

Азербејџанската војска и етничките Ерменци разменија оган во неделата во спорниот регион Нагорно Карабах и притоа смртно настрадале најмалку пет лица, според извештаите од Азербејџан и Ерменија.

Контролата врз Нагорно Карабах беше причина за две војни меѓу Азербејџан и Ерменија по повеќе од 30 години откако двете поранешни советски републики прогласија независност по распадот на СССР.

Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека се убиени двајца војници во размена на огнот, откако азербејџанската војска запрела конвој за кој имало сомневање дека превезувал оружје од главниот град на регионот во зафрлените подрачја. Се додава дека едно комбе се движело по пат кој не бил дозволен за сообраќај.

Ерменското Министерство за надворешни работи, пак, соопшти дека се убиени тројца функционери од министерството за внатрешни работи на самопрогласениот регион Карабах. Се додава дека конвојот возила превезувал документи и еден службен пиштол, додека азербејџанските тврдења дека пренесува оружје се отфрлаат како „апсурдни“.

Планинска енклава која официјално е територија на Азербејџан, но која ја управуваат етничките Ерменци кои историски таму имале превласт и кои сочинуваат 80 отсто од населението и во 1988 година прогласија отцепување. Вашингтон, Париз и Москва, во својство на копретседатели на Групата од Минск на ОБСЕ, веќе три децении посредуваат во решавањето на прашањето на Нагорно Карабах. Прекинот на огнот по отворената војна меѓу Ерменија и Азербејџан од 1990 до 1994 година, во која загинаа 30.000 луѓе, повремено се нарушува и одново избувнуваат судири но оној од 2020 година беше со најголем интензитет и најголемо користење на воените сили.

Ерменските сили ја преземаа контролата над Карабах во војната на почетокот од1990-те кога се уриваше советската власт. Азербејџан повторно зазема големи подрачја од регионот во речиси двомесечниот судир во 2020-та кој беше завршен со мировен договор и доаѓање руски миротворци кои и натаму се распоредени во регионот.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никола Пашинјан се сретнаа неколку пати во рамките на настојувањата да се надмине конфликтот, но повремениот насилство им наштетува на мировните напори во кои најангажирана е Русија, како и Турција која и воено го поддржува Азербејџан.

Последните три месеци азербејџанските активисти го блокираат Лечинскиот рајон кој ги поврзува Ерменија и Нагорно Карабах., наведувајќи дека се противат на рударските активности во регионот. Ерменија тврди дека станува збор за политички акции кои се спроведуваат во полза на азербејџанските власти. Меѓународните правни инстанци во февруари му наложи на Баку да осигури слободно движење преки Лачинскиот рајон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.