Пет милиони евра заем од ЕБОР за „Актива“

44

ЕБОР обезбедува кредит од 5 милиони евра на „Актива“, една од водечките компании за преработка на метални производи и градежништво во земјава, со што ќе го поддржи проширувањето на снабдување на меѓународните компании со процесирани метални делови.
Финансирањето е дел од напорите на Банката да ја поттикне конкурентноста на малите и на средните претпријатија во земјата.
Заемот, соопшти ЕБОР, ќе се искористи за да се комплетира инвестициската програма на „Актива“, во вкупна вредност од 10 милиони евра, за зголемување на капацитетите на производство и антикорозивна заштита, вклучувајќи инсталација на нова опрема за антикорозивна заштита со КТЛ технологија.
„Актива“, основана во 1999 година, обезбедува метало-преработувачки услуги, како и услуги за инженерство, супервизија и градежништво на челични градежни објекти. Откако во 2014 година, влезе на пазарот за производство на метални делови, во соработка со белгискиот производител на автобуси „ВанХол“, „Актива“ почна и со производство на метални производи и за други меѓународни компании, вклучувајќи ги „Фаст“ и „ТисенКруп“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.