Пет министри во британската влада поднесоа оставки

Петмина министри во британската влада ги напуштија своите функции откако Риши Сунак стана премиер, јавува Би-Би-Си.

Оставка поднесе сегашниот министер за правда Брендон Луис, а заминува и министерот за економија и енергетика Џејкоб Ред-Муг. Оставка поднесува и министерот за образование Кит Малтхаус. Кло Смит веќе нема да биде министер за вработување и пензински состав, а Ранил Џејворден даде оставка како министер за животна средина.

Најважно за Сунак е што ќе остане Џереми Хант како министер за финансии, со оглед дека беше именуван од Лиз Трас.