Пет мртви и петнаесет повредени при истекување на јаглерод миноксид во Кина

Пет лица загинале а петнаесет се повредени при истекување на јаглерод моноксид во термоцентрала во северозаподната кинеска покраина Гансу во петокот, соопшти новинската агенција Xinhua, повикувајќи се на локалните власти.

Истекувањето се случило во 11,20 часот по локално веме во филијала на компанијата „ Jinchuan Group Co Ltd“ кога работниците ги поправале котлите во термоелектраната.

Сите петнаесет повредени се задржани на лекување во Народната болница во градот Џинлан, и во уште една болница којашто се наоѓа во рамките на споменатата групација.

Петмината починале и покрај пружениот итен медицински третман, рекле покраинските власти отворија истрага за причините за несреќата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.