Пет мртви во судар на хеликоптер и авион во италијанските Алпи

Пет лица ги зазгубиле животите во петокот во судар на хеликоптер и мал авион во регионот на италијанските Алпи, пренесуваат локалните медиуми, повикувајќи се на спасувачката служба и Националната агенција за безбедност во летањето, која исто така испратила свој тим иследници.

Електронскот издание на весникот Repubblica објави дека несреќата се случила во долината Аоста, околу 80 километри североисточно од Торино. Според истиот извор, уште две лциа се тешко повредени.

Леталата се урнале на глечерот во планината Теста-дел-Рутор. На местото на несреќата пристигнале спасувачи, а на помош им дошле и колегите од хеликоптерските единици од соседната област Пиемонт.

„Во леталата имало најмалку шест лица. Две лица се веќе пронајдени и евакуирани за пружање медицинска помош“, изјавиле од локалните власти за несреќата којашто се случила во близина на границата на автономниот региот Вале д’Акоста и Франција.

Од своја страна, телевизискиот канал Rainews24 дека засега не е познато ниту како допло до инцидентот, ниту кој се превезувал со двете летала. Според првичниет сознанија, едно од леталата е во сопственост на приватна компанија која организира тури на Алпите.