Пет навики кои жените треба да ги избегнуваат после секс

По страсните активности под чаршафите на повеќето жени им е потребна нежност, топли прегратки и разговор. Тоа е совршен рецепт за квалитетен и здрав сон што ни треба за добро да функционираме. Сепак, пред да одите да уживате во гушкањето по сексот, треба да обрнете внимание на работи кои можат негативно да влијаат на здравјето на жените.

По сексот телото поминува низ одредени промени. Во продолжение прочитајте кои пет работи никогаш не треба да ги правите после секс за да го зачувате интимното здравје.

1. Да заспиете пред да мокрите

За време на сексот телото е изложено на бројни бактерии кои лесно се сместуваат во интимните делови. Повеќето жени имаат потреба да уринираат после секс и никогаш не треба да ја игнорирате таа потреба. За време на сексуалниот однос, бактериите се шират низ уретрата кон мочниот меур, што кај жените може да доведе до акутно воспаление на уринарниот тракт. Со мокрењето после секс, всушност го ‘чистите’, односно го миете уринарниот тракт од бактерии. Исто така, многу е важен и правецот на бришење на интимните делови – после секс, но и воопшто после нужда. Секогаш треба да бришеме од напред кон назад за да спречиме бактерии да навлезат во нашите интимни делови.

2. Да користите сапуни после секс

Она што не би го ставиле во уста, не го ставајте ни на вагината после секс, советува гинекологот Роберт Вул. Вагината е орган кој сам се чисти, а разните миризливи препарати би можеле да доведат до инфекции, иритации и сувост на вагината. Кога се туширате после секс, интимните делови треба да ги миете само со вода.

3. Да спиете во заводлива облека

Синтетичките материјали од кои се прави заводлива долна облека, многу лесно можат да предизвикаат габична инфекција. Ваквите материјали се ризични по здравјето на нашите интимни делови, особено после секс, кога тие делови се многу чувствителни. По сексот треба да спиете во памучна долна облека, или најдобро – целосно голи за да можат интимните делови да се проветруваат и да дишат, советува др. Волна.

4. Да користите влажни марамчиња

Ако сте чувствителни на алкохол или глицерин, влажните марамчиња (дури и оние за интимна нега) може да предизвикаат иритација на интимните делови. Влажните марамчиња се многу практични и затоа многу жени ги користат после секс

5. Да се бањата во бања со меурчиња

Опуштањето во миризливи меурчиња звучи навистина привлечно. Сепак, тоа може да биде опасна активност за здравјето на интимните делови од телото. Особено ако бањата ја делите со партнерот. Вулвата отекува после секс и затоа е подложна на бактерии. Исто така, подолгото изложување на вода ги намалува антимикробните бариери во тоа подрачје, па шансата за зараза е уште поголема.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.