Пет нешта што вашите деца не ги сакаат од вас за Нова Година

Покрај 100-тината ТВ канали што за време на празниците се борат за вашето внимание и се обидуваат да ве заковаат во екранот, вашите деца имаат мали шанси да бидат забележани. Само уште им недостига секој нивен обид за комуникација да го одбиете со образложението: „Ете доби играчки, ајде оди играј си сега!“

За новогодишната ноќ да ги оставите да трагаат по подобро друштво

Ако мислите дека сте ја исполниле обврската кон децата со тоа што сте ги потрупале со играчки, сте го украсиле станот, сте го наполниле ладилникот со храна и сокови, сте го пуштиле телевизорот и сте обезбедиле возрасна личност што ќе ги надгледува, всушност го пропуштате најважното. Кога веќе верувате дека вашето дете ќе си помине супер, зошто тогаш и вие барате подобра забава? Немојте да ги потценувате малите радости и семејните мигови – тоа може да ги повреди децата затоа што ќе сметаат дека не ги сфаќате сериозно.

Постојано да им повторувате колку сте потрошиле на подароци

podaroci-111

Ако веќе сте одлучиле на детето да му купите скап подарок, нека тоа биде така затоа што вие самите сакате и можете, а не затоа што детето го изнудило тоа од вас на некој начин. Со самото тоа, немате потоа секоја прилика да ја користите за да кукате како сега немате пари, како е неблагодарно или колку сте се потрошиле а сега тоа не си игра со вашиот скап подарок. Уште полошо е ако пред детето се споредувате со другите родители, докажувајќи дека вие сте подобри затоа што сте земале два кредита и како треба да биде среќно за се што има.