Пет нови директни дестинации од скопскиот аеродром

Пет нови директни дестинации од скопскиот аеродром

Од скопскиот аеродром директно ќе се лета до пет нови дестинации.

По повод новите 5 директни линии, ТАВ Македонија утре во 12.00 часот, ќе организира настан во терминалната зграда на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, каде ќе бидат дадени подетални информации.

На прес-конференцијата ќе зборуваат министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, Зоран Крстевски- генерален директор на „ТАВ Македонија“ и Даниел Де Карваљо- портпарол на „Визер“.