9 C
Skopje
среда, октомври 21, 2020

Пет нови случаи со коронавирус во Дебар

27

Според епидемилогот Ментор Меља, од 15 земени тестови, позитивни на вирусот се пет лица, што значи околу 33 отсто од тестираните.

-Со петте новодијагностицирани случаи до сега бројот на заразани со опасниот вирус се 257 лица од општините Дебар и Центар Жупа.Од нив во втората фаза на болеста, односно од петти јуни, кога повторно се врати на овие простори се 206 лица.За разлика од првата фаза на болеста, кога имавме 51 случај, од нив два во Центар Жупа, а сите други во градот Дебар, сега болеста ја има во речиси сите населени места во двете општини, изјави за МИА, Меља, раководител на Работната едница на Центарот за јавно здравје во Дебар.

Причина за тоа, додава Меља, е непочитувањето на мерките за заштита, пред се одржувањето домашни веселби, пред се во селските населени места, полните кафулиња во градот и плажите на Дебраско Езеро.

-Во периодот од почетокот на пандемијата до сега за жал битката со опасниот вирус ја загубија 11 лица, од нив шест се жители на општина Центар Жупа, додека пет од Дебар. Од починатите четворица се во првата фаза, еден заболен од Центар Жупа, остантите тројца од Дебар. Во втората фаза шест од починатите се од Центар Жупа, а еден од Дебар, посочува Меља.

Апелира на поголема свесност и совесност кај граѓаните од двете општини во почтувањето на препораките. Посочи дека во втората фаза поголемиот број од новозаразените се од младата популација, меѓу нив и три бебиња до едногодишна возраст.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.