Пет новинари во Турција осудени на затвор за „терористичка пропаганда“

Пет новинари, меѓу кои и поранешниот дописник на францускиот дневен весник Liberation од Турција, се осудени во вторникот пред судот во Истанбул на строга затворска казна поради терористичка пропаганда, извести приватната новинска агенција Dogan.

Новинарите Рагип Дуран и Ајше Дузкан, како и коментаторите Мехмет Али Челеби и Хусејин Бекташ се осудени на година и пол затвор поради учеството во капањата за поддршка на Oezguer Guendem, прокурдски дневен весник кој беше затворен со указ во октомври 2016 година. Главниот уреник на весникот Хусејин Акјол е осуден на три години и девет месеци затвор, додава агенцијата, наведувајќи дека судот им забележува тоа што во текот на судењет „не покажале доволно каење“.

Петмината обвинети кои се бранат од слобода а во вторникот не биле присутни во судницата, се товарат за терористичка пропаганда во полза на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) којашто Турција и нејзините западни сојузници, во прв ред САД и Европската унија, ја ставаат на своите листи на терористички организации.

Новинарската заедници и редакцијата на весникот Liberation остро ја осудија, како што ја нарекоа, „неправедната пресуда“. „Тешката казна којашто му е изречена (на Акјол) дополнително ја отсликува катастрофалната состојба на медиумските слободи во Турција“, се наведува во текстот објавен на Facebook.

Повеќе новинари се меѓу околу 55-те илјади лица притворени по неуспешниот обид за воен преврат од ноќта од 15-ти кон 16-ти јули 2016 година, што ги загрижува западните сојузници на Турција. Оваа земја, така, од страна на меѓународната невладина организација Репортери без граници (RSF) е рангирана на 155-то од 180-те земји според слободота на говорот.

„Дуран со семејството ја напушти Турција и може да заврши во притвор доколку се осмели да се врати во својата земја“, пишува Liberation.

Обвинетите ќе останат на слобода до конечната одлука на жалбениот суд, додаваат од RSF, оценувајќи дека тоа би можело да потрае неколку месеци.