Пет причини зошто драстичните диети не помагаат да загубите килограми

22

Недела или две на диета што ветува губење на тежината звучи многу примамливо, но секогаш треба да останеме свесни за потенцијалните ризици и компликации. Прескокнувањето оброци или многу помалото внесување калории може да биде штетно за здравјето, и да доведе до сосема спротивен ефект.

Откријте зошто оваа драстичните диети може да ве здебелат и одлучете дали тоа вреди повеќе или да направите мали промени што водат до долгорочно намалување на тежината или да испробувате краткорочни диети што може да ве одведат подалеку од целта.

Метаболизмот станува побавен

Драстично пониската доза храна му дава сигнал на телото да „зачува“ се што може. Кога сте на драстична диета, телото ќе го сфати тоа како изгладнување и ќе почне да ги „зачувува“ сите масти што се наоѓаат во него. Бавниот метаболизам, тешко се враќа на старото ниво, што значи дека може да се очекува враќање на изгубенате тежина или дополнително зголемување на телесната тежина.

Поголема е можноста за прејадување

Друга важна причина зошто оваа драстичните диети здебелуваат е фактот дека по толку многу изгладнување ќе сакате да јадете се што претходно ви било забрането.

Се губи мускулната маса

Намаленото внесување на калории може да доведе до брзо губење на водената тежина. Откако ќе ја загубите, телото ќе бара енергија од мускулите. Губењето на мускулната маса е нешто што навистина не сакате да ви се случи, затоа што еднаш кога ќе завршите со диетата, таа нема да се врати. Кога ќе се здебелите по диетата, на вашето тело ќе се насоберат најверојатно само масти, што значи дека ќе бидете во полоша ситуација отколку пред почетокот на диетата.

За време на вежбањето ќе согорувате помалку калории

Поради намалената мускулна маса ќе ви биде тешко да го издржите целиот тренинг. Загубата на енергија е уште една причина зошто драстичните диети здебелуваат, бидејќи нема да бидете во можност да вежбате и најверојатно тоа ќе го прескокнувате.

Варењето станува побавно

Повеќето драстични диети имаат големо влијание на дигестивниот систем, и тоа обично го забавуваат. Дури и ако можете да се справи со непријатното чувство на затвор, тоа е една од причините зошто ќе добиете некој килограм вишок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.