Пет работи за кои луѓето најмногу жалат пред крајот на животот

Поранешна медицинска сестра има објавено книга во која таа издвојува пет работи за кои обично жалат оние кои умираат, бидејќи тие работи не ги направиле кога можеле.

Брони Вајер, британска медицинска сестра, која се грижела за луѓето во последните недели од нивниот живот, вели дека е изненадувачки што тие кои умираат главно се покајуваат за пет многу слични работи.

Да си допуштев барем да бидам посреќен

“Ова е изненадувачки честа причина. Многу луѓе сфаќаат на крајот на животот дека среќата е избор. Многу луѓе само се заглавени во рутината. Заради стравот од промени луѓето глумат и пред другите и пред себеси дека се среќни. Но, длабоко во себе, сакаат добро да се насмеат и повторно да имаат малку лудило во својот живот”, заклучува авторот.

Барем да останав во контакт со пријателите

Многу луѓе не ја сфаќаат вистинската вредност на старите пријателства сѐ додека не сфатат дека ќе ги загубат засекогаш, а потоа често не е можно да ги пронајдат и да стапат во контакт со нив.

Би сакал да имав храброст да ги изразам моите чувства

“Многу луѓе ги потиснуваат чувствата, со цел да го задржат мирот со другите. Ова резултира со животот кој може да се опише со фразата “средна жалост”. Никогаш нема да станат она што навистина би можеле да станат. Многу од нив се разболуваат поради незадоволството и болката што ги чувствуваат, а никогаш не ги изразиле или ги разрешиле.”

Барем да не работев толку многу

“Ова ми го кажаа сите машки пациенти што ги негував. Тие не ги гледале своите деца како расат и тoлку времe биле разделени од сопругите, што на смртната постела жалат за тие одлуки. Знам дека жените жалат поради истите причини, но најчесто тоа го велат постарите мажи. Всушност, многу од моите пациенти биле домаќинки. А сите мажи што ги негував се каат што имаат поминато многу време во правење пари”, пишува таа.

Посакувам да живеев како што сакав, а не како што сакаа другите

Ова е најчестата причина за жалење на мнозинството луѓе кои умираат, вели Брони.

“Посакувам да имав храброст да го водам животот во согласност со самиот себе, наместо што живеев на начин на кој другите очекуваа”, ѝ кажаа на Брони многумина на својата смртна постела.

Кога ќе сфатат дека на нивниот живот му доаѓа крај и кога јасно ќе го согледаат, лесно е да се види колку соништа остануваат неисполнети поради стравот или притисокот на животната средина.

“Повеќето луѓе ниту половина не успеале да ги исполнат своите соништа, а умираат знаејќи дека тоа е така заради одлуките кои тие самите ги донеле или не ги донеле. Здравјето носи слобода за која многу малку луѓе се свесни, сѐ додека не ја изгубат”, додава авторката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.